27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонската претставничка за Евровизија го фрли знамето на земја додека позираше(ВИДЕО)

Македонската претставничка за Евровизија го фрли знамето на земја додека позираше(ВИДЕО)

Андреа Коевска, која ја претставува Македонија на Евросонг додека ја фотографираа во Торино го фрли македонското знаме на земја, па позираше без него, по што замина без да го подигне.

Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

Претставувањето на Андреа почнува од  55:40 минута во видеото.

Јавниот сервис ја разгледува можноста за повлекување на нашата претставничка на Евровизија,  Андреа Коевска, којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме. 

МРТ го осуди, како што оцени, скандалозното однесување на нашата евровизиска претставничка.

„Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ“, се наведува во реакцијата на јавниот сервис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП