9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМенторска поддршка од бизнис секторот за практична обука на апсолвенти и постдипломци...

Менторска поддршка од бизнис секторот за практична обука на апсолвенти и постдипломци

mmm

Апсолвенти и постдипломци ќе имаат можност да учат од ментори и да стекнат конкретни, професионални знаења и вештини во различни области со цел поуспешна подготовка при вработувањето или евентуалното отворање сопствени бизниси.

Ова го овозможува Македонската мрежа на ментори (МММ) од Скопје која утре, на првиот Менторски појадок, организира средба на повеќе од 30 ментори од бизнис секторот, информатиката, политиката и спортот, како и претставинци од владини институции и невладини организации. Менторите ќе се запознаат со мисијата и визијата на МММ, ќе договорат меѓусебно вмрежување и воспоставување соработка. Ќе се разговара и за планираните проекти што ќе се имплементираат преку програмата на МММ.

– Така ќе се создаде најдобрата менторска мрежа меѓу студентите кои се на последна година од нивните студии, постдипломците и младите професионалци со бизнис секторот како продолжен облик на неформално образование, но и вмрежување на менторите кои ќе создадат свој круг на бизнис партнери со иста или слична деловна стратегија за развој, велат од МММ.

Македонската мрежа на ментори е непрофитна организација, формирана со слободно здружување на граѓаните заради остварување и усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење дејности и активности во ментор-штитеник односите преку споделување професионални искуства, интереси и уверувања на економски, социјални, културни, стручни, технички, образовни, спортски и други полиња, согласно со Законите и Уставот на РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП