26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИЗелена диета: Зеленчук кој го забрзува метаболизмот

Зелена диета: Зеленчук кој го забрзува метаболизмот

Основното правило на зелената диета е: јадете повеќе зелено овошје и зеленчук – така ќе го забрзате метаболизмот. Оваа диета првенствено е наменета за луѓето кои сакаат овошје, зеленчук и интегрални житарици, а имаат намера да ослабат неколку килограми. Покрај тоа што помага да ги растопи масните наслаги, оваа диета го чисти организмот од насобраните токсини.

Намирниците од групата на зеленчук имаат најмала енергетска вредност, но со нив загарантирано можете да го победите гладот, а да не си ја загрозите линијата. Зелен зеленчук и зелено овошје можете да изедете колку сакате, не морате да ги мерите порциите. Нутриционистите дури велат дека подобро е да изедете двоен оброк од зеленчук, отколку во чинијата да „залутаат“ разни пецива, тестенини и други калорични намирници.

Додека ја спроведувате зелената диета, потребно е да ги набавите навреме сите намирници за секогаш да имате подготвен оброк. На прво место е зелениот лиснат зеленчук, кој е најхранлив. Веднаш по неколку денови откако ќе почнете да го јадете, варењето ќе ви се подобри, тенот ќе сјае, ќе се подобри функцијата на црниот дроб и жолчната ќеса и ќе се чувствувате како да сте ги дополниле батериите. Оброците за зелената диета подготвувајте ги од зелена салата, блитва, спанаќ, рукола, брокула, кељ, зелка, краставица, зелена боранија, грашок, праз, зелени пиперки, зелени јаболки и свежи билки.

Забелешка: Препорачано е диетата да ја држите само три дена. Можете повремено да ја повторувате.

Прв ден

Појадок: парче леб од цело зрно жито, варено јајце, свежа краставица

Ужина: чаша јогурт

Ручек: печен компир, обарен спанаќ

Ужина: зелена салата со маслиново масло, сок од лимон и рендано сирење.

Вечера: пилешко или мисирконо филе динстано на вода и на малку масло.

Втор ден

Појадок: банана со немасно млеко и овесни трици.

Ужина: зелено јаболко и морков.

Ручек: печена пастрмка или лосос, обарен кељ и варен компир со малиново масло.

Ужина: парче леб од цело зрно жито, намаз од билки, рукола и зелена пиперка.

Вечера: динстано говедско месо, зелена боранија и варен компир.

Трет ден

Појадок: зелен коктел (во блендер исецкајте го стеблото и листовите на целерот, листови од свеж спанаќ и половина краставица).

Ужина: чаша сурутка, стапчиња од црно брашно.

Ручек: салата од тестенини, зелена салата, шери домати и тофу сирење.

Ужина: парче леб од цело зрно жито, немасно бело сирење, аспарагус или авокадо.

Вечера: печен пилешки батак, салата со зелена пиперка, копар и јогурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП