28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКој има потреба од персонален компјутер?

Кој има потреба од персонален компјутер?

Germany Gamescom

Пазарот на персонални компјутери оваа година ќе забележи пад во продажбата од 9.7 проценти, а тоа го покажа последниот извештај на компанијата „IDC“.

Негативниот тренд во продажбата на „PC“ уредите ќе продолжи, а падот ќе биде многу поголем отколку претходно што се предвидуваше.

Во почетокот на годината истата истражувачка куќа процени дека во 2013-та година пазарот на персоналните компјутери ќе забележи пад од 1.3 проценти, но во мај месец тие ја променија прогнозата и предвидоа годишен пад од 7.8 проценти.

Овој пат нивната прогноза уште повеќе се влоши и застана на пад во продажбата од дури 9.7 проценти во однос на 2012-та година. Вината за ваквиот пад во „IDC“ ја гледаат во се поголемата продажба на таблети, која тие не ја вклучуваат во пазарот на „PC“ уредите, како и паметните телефони.

Во истиот извештај се наведува дека таблетите најверојатно нема да ја остварат претходно предвидената продажба од 229.3 милиони примероци, туку би требало да застанат на 227.4 милиони.

Како главна причина за ова намалување се наведува очекувањето дека потрошувачите наместо таблети ќе инвестираат во паметните телефони со големи екрани или во преносните уреди како што се паметните часовници.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП