28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАLG го најави својот нов таблет G Pad 8.3

LG го најави својот нов таблет G Pad 8.3

lg 8.3

„LG“ се враќа во сегментот на таблети со „G Pad 8.3“ . Уредот ќе биде официјално претставен за време на саемот „IFA 2013“, што ќе започне кон крајот на оваа недела .

„G Pad“ ќе е со 8.3 -инчен дисплеј и ќе биде позициониран како директен конкурент на „iPad Mini“ на „Apple“ . Таблетот на „LG“ ќе се одликува со „Full HD“ резолуција, а од компанијата тврдат дека ја избрала овој големината на екранот, бидејќи најдобро се комбинира со работната површина, компактноста и погодноста за работа со една рака.

Процесорот на „G Pad“ е од 1.7GHz и е 4 -core „Qualcomm Snapdragon 600“ . Кон него се додадени 2GB RAM меморија , 16GB внатрешна меморија за складирање на датотеки. „G Pad“ е опремен со 5 MP камера на задниот панел и 1,3 МР на предниот . Вградената батерија е 4600mAh , а тежината на уредот – 338 грама.

Оперативниот систем на „G Pad“ е „Android 4.2.2 Jelly Bean“, се разбира од „LG“ додале свој интерфејс и дополнителни функции. Меѓу нив е „QSlide“ за работа со до 3 различни апликации во еден прозорец. Со функцијата „KnockOn“ пак може да се вклучува и исклучува екранот откако двапати ќе се допре екранот.

Таблетот ќе се нуди и со апликацијата „QPair“. Тоа му овозможува на „G Pad“ да се претвори во своевиден центар на неколку мобилни уреди истовремено. Ако на пример корисникот добие SMS или повик на својот смартфон, известувањето за тоа ќе се прикажува и на екранот на таблетот, а дури и ќе има можност за пишување на одговор директно од „G Pad“.

Иако ќр биде претставен официјално следната недела, „G Pad“ ќе се нуди во продавниците кон крајот на оваа година, тогаш и компанијата ќе ја открие цената на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП