26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАШтрајкот на СОНК ставен во мирување, учениците од утре се враќаат на...

Штрајкот на СОНК ставен во мирување, учениците од утре се враќаат на училиште

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, на денешната прес-конференција посочи дека штрајкот е ставен во мирување.

Тој објасни дека Советот на СОНК расправал во врска со добиено известување од Министерството за труд и социјална политика, за мирно решавање на спорот меѓу Министерството за образование и СОНК, по што се консултирале со правници.

„Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот“, истакна Неделков кој објасни дека според укажувањата од страна на надлежните, станува збор за законска постапка за помирување, предвидена со Зaконот за мирно решавање на работните спорови. Ова практично значи дека учениците од утре се враќаат во училишните клупи и наставата ќе продолжи.

Претседателот на СОНК посочи и дека штрајкот повторно ќе се активира ако во наредниот период на помирување не се најде соодветно решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП