„Piano Bar“ е класична „Picchiotti“ јахта, богата со лускуз, историја и огромно внимание посветено на одржувањето на нејзиното реноме…
Уште од своето оригинално лансирање, оваа специјална јахта помина низ многу промени. Сега „IYC“ најавуваат дека Марк Елиот ја ставил оваа јахта на продажба за сума од 5.900.000 милиони долари.
Оваа суперјахта има модернизиран мебел, напредна технологија како и клима, и фантастична палуба од суво дрво.
„Piano Bar“ може да угости 12 гости во 6 кабини, а секоја кабина е опремена со ТВ и ДВД систем. Нејзините два салони се големи и пространи.
Главниот салон вклучува систем за забава со плазма ТВ и ДВД плеер во склоп со отворената трпезарија и дневната соба. Горниот салон е совршено место за уживање со гостите, секако, тука има и бар, како и клавир.