28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКовид, енергетската или оваа воена криза - која ќе остави најголеми последици...

Ковид, енергетската или оваа воена криза – која ќе остави најголеми последици врз македонската економијата?!

Три години пандемија, една година енергетска криза, војната во Украина влезе во третиот месец. Вакви сериозни кризи кои се случиле за толку брзо време не се запаметени одамна. Кога сите се надеваа дека здравствено-економската криза полека завршува, таа го зададе можеби и најсилниот удар, Ковид пандемијата ја предизвика и енергетската криза во Европа. Трошоците на компаниите за набавка на струја значително се зголемија, а животот на граѓаните стана двојно поскап поради зголемувањето на цените на храната и на останатите производи и услуги кои граѓаните секојдневно ги набавуваат. Военикот конфликт помеѓу Русија и Украина дополнително ја искомплицира работата. Украина е една од најголемите земји произведувачи на житарки и на железо во светски рамки. Без тие производи светот допрва ќе ги чувствува последиците. Русија е најголем извозник на гас, а втор по дистрибуцијата на нафта.

Од владата велат дека тешеко е да се каже која криза е потешка и која би оставила поголеми последици врз стандардот на граѓаните и ликвидноста на комапниите. Ковид кризата според властите беше борба против многу непознаници, и сега има непознати работи во оваа криза но дополнителен е проблемот што пандемијата се уште не е готова, и никој не знае до кога ќе трае. Мерките кои се преземени за време на Ковид периодот може да имаат многу поголем ефект, во однос на мерки кои сега се даваат, поради еден дополнителен фактор, а тоа е факторот инфлација, објаснуваат од Илинденска број 2.

„Инфлацијата во земјава што во моментов се случува е увезена од странство. Не се заснова на внатрешни однесувања, туку по прв пат се докажува дека, кога во подолг временски период економиојата зависи многу од ланецот на понудата која е главно од надвор, ова е неизбежно да се случи. Во мнозинството елементи кои носат раст на инфлацијата нема како да се интервенира. Затоа аспектот на интервенцијата е многу помал, поради тоа што и ефектите се многу помали. Денес ако направиш економски мерки за да му помогнеш на бизнисот поради тоа што инфлацијата е многу висока, ефектот се чувствува многу малку. Истота се случува и кај населението“, велат од Владата.

И експертите се со слично мислење како и властите. Рано е да се оценува која криза ќе остави најсериозни последници по квалитетот на живот кај граѓаните и по нормалното функционирање на стопанството. Од истражувањата на Finance Think – Центар за економски истражувања и политики се забележува дека во однос на сентиментот на пазарот на капитал, перцепцијата и реакцијата на инвеститорите на економските мерки во поглед на перспективите на македонските компании во текот и по Ковид-19 покажува дека пазарот негативно го има оценето првиот пакет мерки, но оптимистички реагираше на вториот, докажувајќи дека формата и големината на мерките беше соодветна за поттикнување на економијата. Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на мерките од претходните два пакета. Следните два пакета секако беа добредојдени како за правните така и за физичките лица.

„Првиот пакет мерки беше минимален и не само што не успеа да го подигне сентиментот на пазарот, туку го продолжи неговиот пад. Ниту банкарскиот сектор не беше имун на ударот од пандемијата покрај смирувачките пораки од Народната Банка за стабилноста на финансискиот систем. Мерките насочени кон поддршка на ликвидноста на компаниите (посебно во вториот пакет) се позитивно оценети од пазарот. Инвеститорите оценија дека формата на вториот пакет мерки е соодветна и ги зголемија своите влогови на пазарот на капитал вреднувајќи ја перспективата на компаниите и банките како позитивна. Мерките насочени кон побарувачката (посебно во третиот пакет) се прифатени со резерва од пазарот. Разликите во реакциите на вториот и четвртиот пакет мерки (иако беа слични во формата и опфатот) докажува дека пазарот брзо учи и ја вградува ниската реализација во своите очекувања. Пазарот останува резервиран во однос на секоја најава на мерки поради ниската реализација, иако иницијално позитивно реагираше на најавата на вториот пакет мерки“, велат од Finance Think.

Петтиот пакет мерки поврзани со кризата со КОВИД-19 беше комбинација од мерки кои ги амортизираа загубите, тоа беа мерки со социјален карактер и стимулираа економско закрепнување. Од институтот додаваат дека и последниот засега, шестти пакет мерки за Ковид кризата властите го донесоа како поддршка за граѓаните и фирмите. И кога сите мислеа дека светот се враќа во нормала, се појавува енергетската криза која значително се продлабочува со стартот на војната во Украина.

Енергетската криза освен што ги зголеми сметките за струја на граѓаните и компаниите ги зголеми и цените во маркетите. Од владата потсетуваат дека во декември ги замрзнаа цените на дел од основните прехранбени производи, додека по завршувањето на оваа мерка, беше донесена мерка за ограничување на маржата за овие производи. Во контекст на заштита на животниот стандард на граѓаните беше и покачувањето на минималната плата и на пензиите, со цел да се заштитат граѓаните кои имаат пониски приходи од просечните. Доколку се земат предвид и претходните мерки кои Владата ги спроведе минатата година и на почетокот на оваа година, сумата која што досега е издвоена за ублажување на ценовните шокови кон граѓаните е околу 615 милиони евра.

„Како мала и отворена, нашата економија, како и најголем дел од економиите во светот, ги почувствува движењата на меѓународните пазари на примарни производи (енергија и храна). Како што се развиваше кризата, тие послабо се чувствуваа во текот на 2021 година, но засилија при крајот на годината и кулминираа на почетокот на 2022 година. Иако некој, веројатно за политички цели, ќе каже дека доцна носиме мерки, вистината е дека првите мерки Владата ги презема уште пред повеќе од половина година, со намалување на стапката на ДДВ за струја. Со измени на Законот за данокот на додадена вредност, даночната стапка за прометот на електричната енергија за домаќинствата во јули минатата година го намаливме од 18 на 5 проценти, заклучно јуни 2022 година. Со воведувањето на повластена даночна стапка, овозможивме граѓаните да не го почувствуваат првичниот удар на цената на енергијата. Понатаму, со цел да се амортизира покачувањето на цената на електричната енергија и парното“, додаваат од владата.

Мерките за помош на граѓаните и за стопанството државата досега ја чинеше 1,7 милијарди евра, но кризите се уште не се завршени. Властите се надеваат дека последниов пакет на мерки кои на број се 26, а чинат околу 400 милиони евра ќе биде последен, дека економијата полека ќе се стабилизира и стопанството ќе ја враќа својата ликвидност.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП