3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТаблет во авион за само 15 долари

Таблет во авион за само 15 долари

airplane-tablet

Од овој викенд патниците во економската класа на некои од летовите на „Hawaiian Airlines“ ќе можат да користат таблет „iPad mini“ за време на летот, нормално доколку се подготвени да платат одреден износ за тоа.

Авиокомпанијата купила 1.500 таблети и ќе ги нуди во 14 нивни авиони од моделот „Boeing 767“. „iPad“ уредите ќе ги заменат досега понудените преносни системи за забава, објавија од компанијата.

Патници во бизнис класата ќе можат да уживаат во таблетите бесплатно. За оние во економската класа цената ќе изнесува 15 долари за време на летот, а доколку уредот се користи и на аеродромот цената ќе изнесува 17 долари.

„Hawaiian Airlines“ не е првиот превозник кој ја воведува употребата на таблети во авионите. Тоа веќе го прават „American Airlines“ и австралиската „Qantas“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП