28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА„Фридом хаус“: Македонија рангирана како хибриден режим, најниска оценка за корупција и...

„Фридом хаус“: Македонија рангирана како хибриден режим, најниска оценка за корупција и судство

Северна Македонија е рангирана како хибриден режим во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом хаус“, кој ја анализира состојбата со демократијата во 29 држави во транзиција.

Во извештајот се наведува дека четири демократии паднале во оваа сива зона откога непрекинатиот период на демократски пад почна во 2004 година: Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Во истиот период три авторитарни режими направија демократски чекори и се приклучија во редот на хибридни режими: Молдавија, Косово и сега Ерменија“, се вели во извештајот.

На скалата од еден до седум, каде што еден е најниско ниво на демократски прогрес, а седум највисоко, Северна Македoнија е рангирана со оценка од 3,5 за демократско владеење, 4,25 за изборен процес, 5,25 за граѓанско општество, 3,25 за независни медиуми, 3,25 за независно судство, а 3,00 за корупција. Генералната оценка за демократски прогрес изнесува 3,82 или 47 проценти.

„Фридом хаус“ вели дека тековната криза обезбедува можност да се направи ревизија на процесот на пристапување во ЕУ и дека блокот треба, конечно, да ги почне пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија притискајќи ја Бугарија да се откаже од приговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП