ЕКОНОМИЈА

Научниците открија како да се врати изгубениот слух: За 10-15 години тоа би можело да биде едноставно како ласерска операција на очите

Постојаното слушање гласна музика може значително и неповратно да го оштети слухот на една личност. Проблемот е што делумното губење на слухот, поради седостапната технологија, се јавува се порано и порано.

Но, истражувачите од американскиот МИТ објавија дека пронашле лек кој може да помогне за опоравување од делумно губење на слухот. Собрани во биотехнолошката компанија Frequency Therapeutics, работат на регенеративна терапија која би можела да го врати изгубениот слух.

Како што истакнаа за MIT News, тие користат мали молекули за да ги програмираат прогениторните клетки (клетки лоцирани во внатрешното уво кои произведуваат влакна од осетливи клетки, но престануваат да работат пред раѓањето и повеќе не се активни) за да создадат мали влакна од сетилни клетки кои ни овозможуваат да слушнеме. Луѓето се раѓаат со приближно 15.000 влакна од сетилни клетки во секоја кохлеа. Во текот на животот, овие влакна полека изумираат, што доведува до делумно или целосно губење на слухот.

Токму овие влакна на сетилните клетки се најчувствителни и умираат кога се постојано изложени на гласни звуци или одредени лекови. Затоа, научниците од MIT развија лек кој ќе се инјектира во увото за да се стимулира регенерацијата на овие клетки во кохлеата. Во клиничките испитувања, тие покажаа како е можно да се подобри слухот на луѓето.

Подобрувањето на разбирање на говорот е нашата главна цел, рече ко-основачот и главен научен директор на Frequency, Крис Лоус.

Во текот на студијата, во која учествуваа повеќе од 200 пациенти, повеќето од нив почувствуваа значително подобрување во разбирањето на говорот по првата инјекција, а ефектот траел речиси две години.

Некои од кандидатите во испитувањето не слушале во последните 30 години, а сега за прв пат можат да отидат во ресторан и низ вревата да слушнат што им зборуваат децата. Се разбира, ни претстои уште многу работа, но фактот дека можете да помогнете на мала група луѓе е навистина импресивен, изјави професорот Роберт Лангер, еден од ко-основачите на Frequency.

Ткивата низ телото содржат прогениторни клетки, па гледаме голем потенцијал за примена на оваа техника. Веруваме дека ова е иднината на регенеративната медицина, истакна Лоус.

Не би ме изненадило што за 10 до 15 години ќе дојдеме до точка каде што ќе можеме целосно да го вратиме слухот на луѓето на ист начин како што сега се прават ласерски операции, кои го враќаат совршениот вид – едноставно да одиме на лекар и повторно за час или два да го слушнеме светот околу нас, рече на крајот експертот од Харвард и МИТ, Џеф Карп.