25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВучиќ: Македонскиот народ нема поблизок од Србија, од нив бараме само да...

Вучиќ: Македонскиот народ нема поблизок од Србија, од нив бараме само да бидеме пријатели и браќа

Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија, ништо не бараме од нив, само да бидеме пријатели и браќа, вели српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Вучиќ ова го изјави како коментар на информациите на новинарот на телевизија „Пинк“ дека граѓаните на Северна Македонија во анкета одговориле дека Србија ја сметаат за свој најдобар пријател.

„Да, го видов тоа и за политичарите и за земјите. Србија секако им е најдобар пријател“.

На прашањето дали е изненаден од одговорот на Македонците, Вучиќ одговорил:

„Како можам да бидам изненаден? Ние сме најголемите пријатели на Северна Македонија. Имаат ли поблизок од Србија? Ние сме единствените кои не бараме од нив да си го сменат името, јазикот, нивните барања или што било друго. Го сакаме македонскиот народ. Што бараме од нив? Ништо. Освен да се биде во најдобри можни односи. Ништо не бараме од нив. Само да бидеме пријатели и браќа“, кажа српскиот претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП