Претставниците од Синдикатот за образование и наука и Владата викендов ќе преговараат со цел да се најде заемно прифатливо решение за зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување. Со тоа би завршил штрајкот, а децата би се вратиле на училиште.
Од Владата вчера информираа дека во наредните денови ќе се утврди процентот за зголемување на платата што ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на буџетот по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.

