17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАPressy - Андроид контролер кој секој го посакува

Pressy – Андроид контролер кој секој го посакува

pressy

„Pressy“ оствари еден вид на рекорд со тоа што за помалку од 24 часа успеа на „Kickstarter“ да ги собере потребните средства за неговите креатори да започнат со масовно производство.

Станува збор за мал приклучок кој се вметнува во слотот за слушалки на било кој Андроид уред и кој на корисниците им овозможува со негово кликнување да извршат голем број на функции на телефонот.

Така на пример еден клик може да биде искористен за сликање, два клика може да бидат искористени за да се направи „check in“ и слично.

Уредот со помош на посебна апликација нуди голем простор за модификација и изборот на кликнувања.

За разлика од другите проекти на „Kickstarter“, „Pressy“ судејќи според неговиот креатор Нимрод Бек би требало да биде во продажба за само неколку месеци.

Основниот сет ќе биде достапен за цена од 17 долари, додека „Pressy“ кој е со посебна футрола која може да се носи како привезок на клучевите ќе чини 15 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП