28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИзраел тестираше најсовремено ласерско оружје: „Историски момент во развојот на оружјето“

Израел тестираше најсовремено ласерско оружје: „Историски момент во развојот на оружјето“

Исклучително моќниот ласерски одбранбен систем за пресретнување на беспилотни летала, проектили и други воздушни закани, за првпат беше тетиран, објави во четвртокот израелското Министерство за одбрана.

Израел го забрза развојот на ласерски пресретнувачи како дел од планот за воведување нови воени технологии и намалување на високите трошоци на постоечките системи за уништување на дојдовните ракети.

„Ласерот е револуционерен бидејќи системот е лесен за употреба и има големи економски придобивки“, рече бригадниот генерал Јанив Ротем од Одделот за истражување и развој на Министерството за одбрана.

„Нашиот план е да инсталираме повеќе ласерски предаватели долж границата со Израел во следната деценија“, рече тој.

„Ласерскиот систем можеше да пресретне беспилотни летала, проектили и противтенковски ракети во неколку сценарија“, соопшти Министерството.

Пресретнувачите ќе користат ласери за соборување на дронови или ракети кои доаѓаат, што ги претпочитаат герилските групи кои уживаат поддршка од Иран, изјавија израелски воени извори.

Кога ќе стане оперативен, Израел прво ќе распореди систем за ласерско пресретнување на југот, каде што израелските градови редовно се цел на ракети истрелани од Хамас, но и од други милитантни групи во Газа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП