26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИПролетна диета која топи 2,5 килограми: Искористете ја сезоната на свеж зеленчук...

Пролетна диета која топи 2,5 килограми: Искористете ја сезоната на свеж зеленчук за да ја подобрите линијата

Сезоната на зеленилата во рана пролет е идеална за диета. Со пролетната трпеза можете да изгубите и до 2,5 килограми за само една недела. Покрај тоа, пролетната диета го чисти организмот од токсини, масти, го забрзува метаболизмот и го подобрува расположението.

За време на оваа диета, важно е да не прескокнувате оброци и да јадете во вистинско време. Првите денови ќе ви биде тешко да се заситите, но во моментите на глад помеѓу оброците можете да изедете салата од зеленчук или некое овошје по ваш избор. Јадете храна богата со протеини, како сирење, јајца и јогурт, особено за појадок, за да ја одржите ситоста подолго време.

Не претерувајте со внесот на месо. Нутриционистите препорачуваат количината на една порција месо да биде еднаква на вашата висина. На пример, ако сте висок 180 сантиметри, јадете 180 грама црвено или бело месо. Ако јадете риба за ручек или вечера, количината треба да биде поголема за една третина. Порциите од зеленчукот не се ограничени, важно е само да се готви или на скара, никогаш да не се пржи или похова.

ПОНЕДЕЛНИК

Појадок: омлет од две јајца и свежо исцеден сок од спанаќ и банана

Ужина: јаболко

Ручек: варено пилешко, варен зеленчук со малку маслиново масло

Ужина: два бисквита од интегрално брашно

Вечера: компир салата со печена риба, црн леб

ВТОРНИК

Појадок: овесна каша со јогурт со малку маснотии и парчиња овошје

Ужина: чаша свежо исцеден овошен сок

Ручек: 2 филе ослич, зелена салата, шолја јогурт со малку маснотии

Ужина: банана

Вечера: риба на скара, варен зеленчук и овошје

СРЕДА

Појадок: варено јајце, нискокалоричен намаз од сирење, интегрален леб, овошен сок

Ужина: јаболко или портокал

Ручек: супа од зеленчук, интегрален леб, јаболко

Ужина: два бисквита од интегрално брашно

Вечера: пилешко со ориз, овошје

ЧЕТВРТОК

Појадок: пециво од цели зрна со нискокалоричен намаз од сирење, свежо овошје

Ужина: банана

Ручек: бело месо на скара, зелена салата, црн леб

Ужина: грст сушено овошје

Вечера: два печени компири, зелена салата, шолја јогурт со малку маснотии

ПЕТОК

Појадок: корнфлекс со обичен јогурт, свежо исцеден овошен сок

Ужина: јаболко

Ручек: ориз со пиперки и печурки, зелена салата, свежо овошје

Ужина: грст несолени кикирики;

Вечера: две филети од ослич на скара, млад кромид и 100 гр варен грашок

САБОТА

Појадок: јачменови снегулки во јогурт со малку маснотии со парчиња овошје

Ужина: интегрално пециво и парче сирење со малку маснотии

Ручек: 200 гр грашок, црн леб, јаболко

Ужина: банана

Вечера: омлет од две јајца со свеж спанаќ, 50 гр сирење

НЕДЕЛА

Појадок: јачмен и овесна каша со јогурт со малку маснотии, портокал

Ужина: грст сушено овошје

Ручек: туна, зелена салата, портокал

Ужина: три интегрални бисквити

Вечера: пире од компири, 100 гр пилешки гради на скара, зелена салата со млад кромид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП