19 април, 2024
ПочетнаКОРОНАКризниот штаб ги усвои предлозите за укинување на обврската за носење маски...

Кризниот штаб ги усвои предлозите за укинување на обврската за носење маски во затворен простор, се чека на Владата

На петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.

Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.

За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП