15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОКТА со подобрени финансиски резултати за вториот квартал од 2013 година

ОКТА со подобрени финансиски резултати за вториот квартал од 2013 година

okta

Финансиските резултати на ОКТА за вториот квартал од 2013 година беа подобрени во споредба со првиот квартал од годината. Промените во комерцијалната политика спроведени за време на првите месеци од 2013 година доведе до обновување на пазарниот удел како на домашниот пазар така и во извозот. Конкурентноста на компанијата се подобри проследено со бројни заштеди во трошоците и проекти за реорганизација спроведени во текот на годината.

 

Втор квартал 2013

Втор квартал 2012

(во милион денари)

Прво полугодие  2013

Прво полугодие 2012

 

 

 

 

6.567

8.444

Приходи од продажбата

12.808

18.031

-1

-191

Добивка по оданочување

-341

-203

Намалувањето на цените на нафтените производи на меѓународно ниво во првата половина од годината имаше негативно влијание на објавената профитабилност на ОКТА откако компанијата ја започна годината со значителни количини на залихи кои беа произведени за време на последниот процес. Исклучувајќи го негативниот ефект од таквите околности, профитот по оданочување во првата половина на 2013 на ОКТА би бил повисок за 329 милиони денари (+112 милиони денари во втор квартал од 2013 година).

Дисконтинуитетот во производството од февруари 2013 доведе до зголемување на профитабилноста и намалување на обртниот капитал. Како резултат на тоа, ОКТА генерираше 329 милиони денари во готовинските текови во првите шест месеци од 2013 година, од кој дел беше искористен за намалување на долгот кон банките.

Коментирајќи ги резултатите од втор квартал 2013, компанијата ја даде следната изјава:

“ОКТА продолжи да делува во економско опкружување со предизвици. Недостатокот на реален пораст ја интензивираше конкуренција на сите пазари на кои сме присутни. Последниот производствен циклус на рафинеријата остави зголемени и скапи залихи за време на период со опаѓачки меѓународни цени. Одговарајќи на променливото надворешно опкружување, ние соединивме далекусежен програм за трансформирање. Веќе ги гледаме првите позитивни резултати од имплементацијата од тој програм во вториот квартал од годината и очекуваме да видиме целосна имплементација до крајот на 2013 година. Ние остануваме посветени кон гарантирање на непрекинато снабдување на нашите купувачи со деривати со највисок квалитет. ОКТА е и ќе продолжи да биде една од најголемите компании во земјата, секогаш грижејќи се за акционерите, за вработените, за локалната (домашната) економија и за општеството во кое делува.”

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП