27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБесниот Роналдо скрши мобилен на навивач на „Гудисон парк“, се извини на...

Бесниот Роналдо скрши мобилен на навивач на „Гудисон парк“, се извини на Инстаграм

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо се извини на Инстаграм откако видно изнервиран скрши мобилен телефон на навивач по завршувањето на мечот против Евертон (1:0). Тој удри во раката на младиот човек кој го снимаше, телефонот испадна, а Португалецот продолжил со пешачењето кон соблекувалната.

По ова, тој се извини на социјалната мрежа Инстаграм.

“Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во вакви тешки моменти. Секогаш треба да имаме почит, трпение и да бидеме пример за сите млади луѓе кои ја сакаат оваа игра. Би сакал да се извинам за мојот испад и да го поканам навивачот да биде мој гостин и да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј“, напиша Роналдо на Инстаграм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП