3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАYouTube го менува логото?

YouTube го менува логото?

youtubee

„YouTube“ започна да користи ново лого за своите апликации и налози на социјалните мрежи.

Видео сервисот без поголеми најави ги обнови своите „Facebook“, „Twitter“ и „Google+“ страни со нова профилна слика на која се појавува потполно ново лого.

„YouTube“ досега никогаш во целост ја немаше променето основната форма на своето лого и сите промени во принцип беа од козметичка природа.

Меѓутоа се уште не е познато дали компанијата во целост го напушта старото лого, затоа што тоа се уште е присутно на нивната интернет страна.

„Нашето главно лого ја претставува сржта на „YouTube“ и тоа никогаш во целост нема да исчезне“, изјави претседателот на „YouTube“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП