29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТесла ќе произведува роботакси

Тесла ќе произведува роботакси

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, изјави дека компанијата ќе прави роботакси, а следната година ќе започне со производство на три нови возила, јавува денеска Асошиејтед прес.

Маск не кажа детали за робот-таксито, освен дека „ќе изгледа прилично футуристички“.

Тој најави дека „Tesla“ следната година во својата нова фабрика во близина на Остин, Тексас ќе започне со производство на пикапот Cybertrack, по што ќе започне со производство на нов роудстер и електрична полуприколка.

Тој истакна дека компанијата би можела да започне со производство на роботи во 2023 година.

„Следната година ќе има огромен бран на нови производи“, рече Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП