28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМагична намирница која штити од рак и ги ублажува симптомите на ПМС

Магична намирница која штити од рак и ги ублажува симптомите на ПМС

Јајцата се богати со железо, кое го подобрува расположението и го намалува ризикот од рак на дојка. Освен тоа, помагаат и во одржувањето на бременоста и добри се за оние кои држат диета, а не се толку скапи.

Без оглед дали ги подготвувате како кајгана, како омлет, на око или ги варите, јајцата се одлични за здравјето. Едно јајце содржи 72 калории, па им се препорачува и на оние кои се обидуваат да ослабат.

Јајцето е најдобро да се јаде за појадок, велат студиите кои откриваат дека оние кои редовно појадуваат јајца полесно слабеат од оние кои денот го започнуваат со јаглени хидрати. Сепак, и јајцата треба да се консумираат во умерени количини.

Освен што помагаат при слабеењето, јајцата се добри и за следните работи…

1. Ги ублажуваат симптомите на ПМС

Промената на расположението и депресивното однесување во текот на ПМС јајцата успешно ќе ги ублажат. Бидејќи овие симптоми се поврзуваат со недостатокот на железо, железото од јајцата ефикасно делува на подобрување на расположението.

2. Го намалуваат ризикот од рак на дојка

Истражувањето напрвено врз 3000 жени открило дека жените кои јадат храна богата со колин за 24 проценти имаат помал ризик од развој на рак на дојка.

3. Го чуваат здравјето во бременоста

Јајцата се добри за трудниците. Жолчката е богата со колин кој помага во растот и развојот. Освен тоа, студиите покажале дека со редовна консумација на јајаца се намалува и ризикот од вродените маани. Покрај колинот, во јајцата има и фолна киселина и железо. Сепак, внимавајте при подготовката – јајцата треба да се тврдо варени или добро испржени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП