3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен и уникатен кревет

Луксузен и уникатен кревет

krevet111

За многу домашни миленици спиењето во кревет не е никаква препрека, но има и онакви кои не можат да уживаат во тој луксуз. Еден производител на мебел се обиде да го реши овој проблем така што креираше кревет со аквариум.

Компанијата „Acrylic Tank Manufacturers“, ги изненади своите клиенти со новиот производ, кревет-аквариум, кој сосема сигурно ќе ги израдува љубителите на риби и морски животни овозможувајќи им практично да спијат во кревет заедно со нивните миленици.

krevet112

Овој необичен изум содржи аквариум со 650 литри вода кој се наоѓа непосредно над креветот во пределот кај главата, па неговите сопственици ќе ја имаат таа привилегија веднаш штом ќе се разбудат да ги здогледаат нивните миленичиња.

За ова единствено доживување на ваквиот луксуз цената е специјална: за кревет, „надглавје“ и столбови покрај истиот, треба да платите 11.500 американски долари.

krevet113

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП