28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАНерезидентниот амбасадор на Големото Војводство Луксембург за Северна Македонија во работна посета...

Нерезидентниот амбасадор на Големото Војводство Луксембург за Северна Македонија во работна посета на земјава

Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург за Македонија, Неговата екселенција Филипе Донкел од денес до 7 април ќе престојува во работна посета на земјава.

Во рамки на работната посета на земјата, амбасадорот Донкел ќе оствари средби со претставници на државно политичкиот врв, Претседателот на Републиката, Владата, политичките партии и претставници на меѓународните институции во Северна Македонија.

Во насока на неопходноста од унапредување на односите меѓу Луксембург и Северна Македонија неговата екселенција ќе има средби со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Средба ќе оствари и со Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. 

Тргнувајќи од неопходноста за создавање повеќе можности за економска соработка амбасадорот Донкел ќе разговара со министерот за финансии, Фатмир Бесими и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони, Јован Деспотовски. Средба ќе оствари и со државниот секретар на МНР, Зоран Попов. Амбасадорот Донкел ќе оствари средба и со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Престојот на амбасадорот Донкел во земјава е по повод и отворањето на почесниот конзулат на Големото Војводство Луксембург во Северна Македонија, за чиј почесен конзул е назначен Петар Арсовски. Официјализирањето на почесниот конзулат, кое што е прво вакво дипломатско претставништво на Луксембург во земјите од Западен Балкан, е уште една потврда за пријателскиот и партнерски однос меѓу двете земји изграден низ повеќе од три децении од воспоставувањето дипломатски односи. 

Работата на почесниот конзулат ќе биде во насока на зацврстување на одличните односи и нивно интензивирање во политичката, економската и културната област. Луксембург, како една од земјите основачи на Европската Унија, е меѓу државите кои што силно и континуирано се заложуваат за европската перспектива на нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП