26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАPanasonic се откажува од пазарот на смартфони

Panasonic се откажува од пазарот на смартфони

panasonic-smartphone

Јапонската корпорација „Panasonic“ одлучи да го напушти пазарот на паметните телефони поради ниската популарност на своите производи во земјата. Ова го соопштија претставниците на компанијата.

Овој чекор е одговор на одлуката на водечкиот мобилен оператор во Јапонија „NTT Docomo“ и нивната посветеноста кон производите на конкурентските компании: „Xperia А“ на „Sony Corp.“ и „Galaxy S4“ на „Samsung Electronics“.

Корпорацијата објави дека ќе ја претстави последната линија на паметните телефони до крајот на годината, по што ќе го прекине развојот на нови модели за масовно производство. Компанијата сепак ќе продолжи да работи за ограничени корпоративни нарачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП