25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДваесетте најскапи куќи во светот

Дваесетте најскапи куќи во светот

kukaa

На првото место на листата дваесет најскапи куќи во светот се наоѓа вилата Антила во Мумбаи, чија вредност е проценета на една милијарда долари.

Втората во ова рангирање е вилата Леополд која се наоѓа на Азурниот брег и е вредна 500 милиони долари, додека пак на третото место е приватниот дворец од XVII век во Беркшир во Англија вреден 218 милиони долари.

На четвртото место е куќата во Ферфил Понд во САД чиј сопственик е големиот инвеститор во индустрискиот сектор, Ирон Ренерт, а неговиот дом е проценет на 170 милиони долари. Петото место и припадна на вила која е вредна 165 милиони долари и се наоѓа во Беверли Хилс, а е во сопственост на американскиот адвокат и инвеститор, Леонард Роса.

Шестата најскапа вила е во престижниот кварт во Лондон, Кенсингтон на површина од 2000 квадратни метри во кои некогаш била сместена женската гимназија. Проценката на нејзината вредност изнесува 161 милиони долари.

На седмо место се најде вилата во Монтана во САД која е изградена од дрво и камен, а вредноста и е 155 милиони долари. Следен е дворецот во Англија кој е вреден 150 милиони долари.

Куќата на продуцентот Арон Спелинг во Беверли Хилс е на деветото место. Таа е во вредност од 150 милиони долари, а Спелинг ја купи во 2011-та година за 80 милиони долари од ќерката на сопственикот на Ф1, Берни Еклстон, Петра.

Куќата со тениски терен и базен во американскиот град Аспен, Колорадо која се продава за 135 милиони долари е на десетото место, а според вредноста е пред вилата која исто така се наоѓа во Аспен и е во сопственост на Бандара бин Султан, вредна 135 милиони долари.

На 12-то место е куќа во Беверли Хилс која се продава за 125 милиони долари, а на „среќната“ 13-та позиција се најде вилата Мезон во Палм Бич на Флорида која во 2004-та година ја купи милијардерот Доналд Трамп за 125 милиони долари.

На оваа ранг листа од 14-то до 19-то место се наоѓаат зданија со подеднаква вредност од 100 милиони долари, меѓу кои се куќа со 64 простории на брегот на Босфор, потоа вила на езерото Тахое во Невада, како и една од најубавите резиденции во предградието на Москва во сопственост на еден руски олигарх.

Тука е и вилата во Калифорнија во Лос Алтос Хилс која ја купи акционерот Јури Милнер, следи резиденцијата со имот од 1.2 милиони квадратни метри во Чартовил, како и вилата Паладиана на Азурниот брег.

На 20-то место е замокот Бран во Романија познат под називот дворецот на Дракула кој неодамна беше ставен за продажба со цена од 60 милиони долари, но се претпоставува дека вистинската вредност изнесува 135 милиони долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП