4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВо Македонија живеат 58,44 отсто Македонци и 24,30 отсто Албанци

Во Македонија живеат 58,44 отсто Македонци и 24,30 отсто Албанци

Вкупно попишано население е 2.097.317 лица, од кои 54,21 oтсто се Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 се Турци, 2,34 се Роми, 1,18 се Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 проценти се Власи.

Резидентното население oд 1.836.713 лица изразено во проценти е: 58,44 Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,30 Срби и 0,86 Бошњаци.

Нерезидентното население што се попишано се 258.932 лица. Од нив, 24,45 отсто се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 се Власи, а 0,35 отсто Срби. Во Македонија регистрирани се 598.632 домаќинства и 839.174 стана.

„Најмала општина според број на жители е Зрновци со 2.086, а најголема Куманово со 98.104 жители. Просечна возраст на населението е 40 години. Има 207 празни населени места“, изјави Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Во споредба со пописот во 2002 година, тој рече дека има 185.824 лица помалку. Истовремено, зголемен е бројот на домаќинства за 34.336. Во град Скопје има вкупен број на жители 526.502, што е зголемен за 2,9 проценти ако се спореди со пописот во 2002 година. Исто така, бројот на домаќинства е 171.171 и е зголемен за 16,8 проценти во споредба со 2002 година, кога беше последниот попис.

„Успешно и професионално е спроведен пописот. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека знае, може и умее, дека е една од најпрофесионалните институции. На крајот сме од овој специфичен процес. Ако во претходните пописи за обработка на податоците беа потребни околу две години, со овој метод ги надминавме сите предвидувања, па податоците ги објавуваме во предвидениот шестмесечен период“, потенцира Симовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП