26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАOд утре без сертификати на летните тераси во кафулињата

Oд утре без сертификати на летните тераси во кафулињата

Владата на денешната седница донесе одлука да се укине мерката за задолжително поседување сертификат за примени две дози на вакцина против Ковид-19 или за прележан ковид во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето за посета на угостителски објекти на отворено.

За затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

Владата денеска донесе повеќе одлуки за ублажување на мерките против ковид, меѓу кои и укинување на обврската за носење заштитни маски за учениците во основните училишта, а студентите ќе се вратат на факултетите со физичко присуство. Една од мерките е и максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50, да се зголеми на најмногу до 75 отсто, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани: театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП