28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБурна дебата: Меркел загрижена од потегот на Јапонија

Бурна дебата: Меркел загрижена од потегот на Јапонија

merkel1

Германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот се вклучи во бурна дебата, во која ја издвои Јапонија како извор на загриженост, бидејќи јапонската централна банка неодамна направи неколку чекори со кои го забрза темпото на печатење пари.

Гувернерите на централните банки во развиените земји, особено Јапонија и САД, се обидуваат со агресивна акција да ги зајакнат нивните економии, а поради тоа нивната валута слабее.

„Не би можела да кажам дека не сум загрижена“, рече Меркел на Светскиот економски форум во Давос, на прашањето дали манипулацијата со валутите води до уништување на конкуренцијата.

„Не сакам да кажам дека во моментов не сум загрижена во врска со Јапонија“, додаде таа.

Јапонската централна банка е под притисок на новиот премиер Шинзо Абе, да биде похрабра за да ја извлече економијата од рецесија.

Шефот на германската Бундес банка, оваа недела им се придружи на останатите гувернери на централните банки, кои предупредуваат на ризик од девалвација, поради зајакнување на конкурентноста на нивните производи во странство.

Јаиме Каруана, главниот директор на Банката за меѓународни порамнувања, за интервјуто за Ројтерс во Давос изјави дека, централните банки се под „голем притисок“ да го стимулираат растот и слабата валута.

Меркел смета дека централните банки мора да постават ограничувања, како Европската централна банка, која минатата година ја објави својата програма за купување на обврзници како предуслов за економски реформи.

Се чини, дека Меркел ги отфрла тврдењата на другите функционери во Давос, дека мерките за штедење во Европа отидоа предалеку. Според неа, политичарите некогаш треба да ја притиснат кризата за да ги протуркаат тешките реформи.

„Мојот заклучок е, ако Европа денес е во тешка состојба, мораме денес да ги примениме структурните реформи, со цел утре подобро да живееме“, изјави 58-годишната германска канцеларка Меркел.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП