10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕEucerin® Sun Oil Control  Tinted - Идеална заштита од сонце за масна...

Eucerin® Sun Oil Control  Tinted – Идеална заштита од сонце за масна и кожа склона кон акни!

Сите се радуваме на доаѓањето на пролетта, и на сончевите денови кои таа ги носи. Но, без оглед на возраста, секоја кожа има потреба од заштита  од сонце, посебно што нашата кожа сеуште не е навикната на силните сончеви зраци. 

На првото појако сонце, најзасегнати сe две групи.

Првата група се најмалите, бидејќи природните заштитни механизми во нивната кожа се сѐ уште неразвиени и потребно е да ги заштитиме со соодветна облека, доволно течности и производ за заштита од сонце адаптиран за чувствителната детска кожа. Втората засегната група се луѓето склони кон хиперпигментни промени на кожата. За нив и за сите останати кои сакаат да се заштитат од предвременото фотостареење, научниците од Eucerin креираа специјална линија на производи за нега на кожата на лицето, со која максимално ќе се одложи фотостареењето на кожата.

За оние кои имаат масна кожа и кожа склона кон акни го предлагаме Eucerin® Sun Oil Control  Tinted гел-крем за заштита од сонце кој ефикасно ја заштитува и негува чувствител­ната кожа. Не остава масни траги и има мат-ефект на кожата против масен сјај до 8 часа. Достапен е во две нијанси (светла и потемна) а со него се постигнува рамномерен и природен тен на кожата. Новиот Eucerin® Sun Oil Control Tinted гел-крем за заштита од сонце за тело DRY TOUCH содржи највисока заштита од сонце со Advanced Spectral Technology од Eucerin®, којашто ги комбинира анти­оксидантот ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ-те зраци и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, со глициретинска киселина чијашто улога е да ги помага сопствените механизми за обновување на ДНК на кожата.

Производот не е масен, не е леплив и не остава бели траги. Се апсорбира во кожата за неколку секунди. Перфектно­то решение за сите коишто не ги сакаат стандардните креми за заштита од сонце.

За нега на кожата по 30-тата година, се препорачува иновативниот Eucerin®SUN Anti-age крем-флуид кој ја заштитува кожата од сонце и истовремено се бори со постоечките брчки, благодарение на додадената хијалуронската киселина во него. Уживајте во благодетите на сонцето!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП