24 април, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 310 случаи на Ковид-19, починаа 3 лица

Регистрирани 310 случаи на Ковид-19, починаа 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 199, Битола – 19, Куманово – 15, Кавадарци – 13, Прилеп – 9, Охрид и Штип –по 8, Велес – 5, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 4, Тетово и Гостивар – по 3, Делчево, Богданци и Демир Хисар – по 2, Кичево, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 49 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е еден смртен случај од Скопје (77 години), а лицето починало во болнички услови.

Согласно Регистарот за починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Богданци (87) и Кочани (45), во периодот од 17  до 19  март годинава. Од пријавените, едно лице е починато во болнички, а едно во домашни услови.

Кај сите три починати лица се регистрирани коморбидитети.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 284 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Прилеп – 18, Битола – 17, Кавадарци – 15, Охрид и Велес – по 10, Куманово и Ресен – по 9, Гевгелија и Радовиш – по 7, Струмица – 5, Штип, Гостивар, Кичево, Валандово и Струга – по 4, Тетово и Виница – по 3, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2 и еден оздравен од Крива Паланка.

Направените 2.609 тестови се преку: ИЈЗ-285, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-53, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –5 Институт за микробиологија–149 Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-96, Биотек-162, Систина-53, лабораторија Лаор-68, Синлаб-10, Ремедика-20, Плодност-21, Генеа-8, Никоб лаб-177, ВФВ Медикал-38, Ели Медика плус-15, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-13, Рапид лаб–7, Жан Митрев Струмица–5, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.161.

Досега во земјата се направени вкупно 1.941.593 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 303.728, бројот на оздравени пациенти е 292.628, на починати е 9.187, а бројот на активни случаи изнесува 1.913.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 142197, Активни 1087
Куманово 16475, Активни 67
Битола 14594, Активни 136
Прилеп 13896, Активни 132
Тетово 13403, Активни 43
Кавадарци 10368, Активни 76
Велес 9628, Активни 24
Гостивар 9514, Активни 19
Охрид 8662, Активни 86
Струмица 7974, Активни 23
Штип 7955, Активни 19
Кичево 5520, Активни 32
Кочани 5021, Активни 18
Струга 4678, Активни 12
Гевгелија 4334, Активни 24
Неготино 3641, Активни 9
Ресен 2663, Активни 17
Свети Николе 2612, Активни 3
Радовиш 2507, Активни 12
Крива Паланка 2403, Активни 7
Делчево 1906, Активни 6
Дебар 1662, Активни 7
Берово 1635, Активни 2
Валандово 1472, Активни 6
Виница 1373, Активни 12
Пробиштип 1259, Активни 2
Богданци 1017, Активни 9
Кратово 956, Активни 7
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 823, Активни 3
Македонски Брод 733, Активни 1
Демир Капија 585, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 484, Активни 1
Дојран 341, Активни 0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП