25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал: СП во Катар? Смешно!

Ван Гал: СП во Катар? Смешно!

Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал, смета дека смешно е што Светското првенство ќе се игра во Катар.

ФИФА и покрај сите критики не ја смени одлуката планетарниот шампионат да се игра во оваа земја. Најгласни во критиките се борците за човекови права и оние кои тврдеа дека Катар со поткуп ја добил организацијата на СП.

„Смешно е што ќе се игра во Катар. ФИФА вели дека целта е да се развие фудбалот во таа земја. На кој начин се развива фудбалот? Со организација на турнир? Тоа е глупаво објаснување. Знаеме дека станува збор за пари и комерцијални интереси. За ФИФА тоа е најважно“, рекол Ван Гал.

Холандја избори место на СП кое ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП