30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВработените на А.Д. Пошта во недела ќе одржат општ протест

Вработените на А.Д. Пошта во недела ќе одржат општ протест

Синдикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, известуваат дека на ден 20.03.2022 година (Недела) ќе одржат општ протест со своите членови, вработени во АД Пошта на Северна Македонија. Протестот ќе се одржи во 12.00 часот започнувајќи пред платото на Дирекцијата на АД Пошта на РСМ, каде потоа учесниците на протестот ќе се упатат пред Влада на Р.С. Македонија.

-Оправданоста на донесената одлука, произлегува од крајно алармантната состојба во А.Д. Пошта на Северна Македонија, поради долгогодишното непочитување на работничките права и економско-социјалните интереси на вработените, одоносно, соочени сме со енормното зголемување на трошоците за живот во земјава кое како последица  драстично ја намалија куповна моќ на жителите. Во вакви услови вработните во Пошта со нивните ниски плати кои кај повеќе од 70% од вработените се под или на ниво на минимална плата, не се во можност да обезбедат егзистенција и пристоен живот за нивните семејства, а особено имајќи го во предвид фактот што платите на вработените во Пошта не се покачени повеќе од 30 години. Затоа, повеќе од неопходно  е потребно итно покачување на платите на вработените во Пошта, велат од синдикатот на АД Пошта.

Покрај незадоволството и револтот на вработените од 30 годишното непокачување на платата, од ден на ден се повеќе е изразена нивната загриженост за иднината на компанијата и незадоволство од долгогодишните супстандардни услови за работа и необезбедени средства и опрема за работа.

-Синдикалните организации на друштвото ги исцрпеа сите правни и институционални механизми за реализација на барањата на вработените, со Претседателот и членовите на Управниот одбор се донесоа заклучоци за реализација на барањата на вработените, но и покрај тоа  се нема слух за проблемите на своите вработени непридржувајќи се до договорените ставови, права и обврски. Се соочуваме со целосно блокирање на социјалниот дијалог, токму затоа, принудени од актуелната ситуација, вработените – членови на синдикатите излегуваат на општ протест за јавно да го изразат незадоволството и револтот за непочитување на нивните работнички права и достоинство, додаваат од синдикатот.

-Во таа насока, на протестот ќе се обратиме и до Владата на РСМ во чија сопственост е Пошта на Северна Македонија, за итна средба со цел изнаоѓање заеднички прифатливо решение за реализација на барањата на вработените и подобрување на состојбите во Пошта кои се неопходни за  иднината на  друштвото и вработените, се вели на крајот во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП