Некои работи се многу лоши за забите: газирани сокови, бонбони, енергетски напитоци – секоја од овие намирници содржи шеќер, а тој е еден од главните виновници за кариес. Ако се грижите за оралната хигиена, веројатно веќе ги избегнувате овие работи. Но тоа не значи дека сте ги сочувале забите – овие 6 намирници се тајни непријатели на убавите заби.
Цитруси

Витаминот С од портокалот е важен за одржување на колагенот во непцата, но доколку претерате со цитрусите, можете да ги загрозите забите.
Доколку цитроните се во костантен контакт со забите, можат да ја омекнат и нагризаат вашата глеѓ. А таа не се регенерира.
Како да спречите:
Откако ќе изедете цитрон или ќе испиете сок од цитруси напијте се чаша вода. По 20 минути измијте ги забите. По консумацијата на цитруси вашите заби се почувствителни, а тоа значи дека при силно четкање можете сериозно да ги оштетите.
Бадеми

Бадемите содржат голема количина витамин Е и многу здрави масти кои ве заситуваат брзо. Но не се баш добри за забите.
Тие се толку тврди што може за ви пукне забот додека ги гризете.
Како да спречите:
Не ги јадете цели бадемите, исецкајте ги. На тој начин ќе ги намалите шансите да ви пукне некој заб.
Кисела храна

Киселите краставичи се совршени за сендвичи: имаат малку калории и имаат убав вкус. Но можат да бидат проблем за забите.
Храната од туршијата има високо ниво на киселост. Тоа може да ги деминерализира вашите заби.
Покрај тоа, киселата храна често содржи и шеќер, еден од виновниците за кариес.
Како да спречите:
Откако ќе изедете нешто од туршијата, изедете парче сирење. Тоа не е кисело и има високо ниво на калциум а со тоа се неутрализираат многу киселини.
Суво овошје

Сувото овошје има високо ниво на шеќер, бидејќи целата вода од него е истисната, па тој шеќер лесно се лепи за забите. А кога шеќерот ќе се залепи за забите, може да привлече многу бактерии кои долго се задржуваат.
Како да спречите:
Најубаво е сувото овошје да го јадете само дома. Така веднаш по грицкањето ќе можете да се напиете чаша вода, а по 20 минути да ги измиете забите.
Кафе

Кафето е полно со антиоксидански, но ги бои забите. Во текот на процесот на боење, бактериите лесно се таложат и задржуваат на забите.
Како да спречите:
Не морате постојано за пиете кафе за да ги обоите забите. Доволни се само две до три шољи дневно, особено ако порите на забите ви се големи. Доколку не можете да ја намалите количината на кафе, прејдете на ладно кафе и пијте го со сламка за да го намалите контактот со забите. Наместо шеќер ставете малку млеко во кафето.
Путер од кикиритки

Путерот е леплив и долго останува во контакт со забите, па лесно можете да добиете кариес.
Како да спречите:
Најдете природна варијанта на путер, без додаден шеќер кој е главниот виновник за лепење на путерот за забите.