25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСе укинуваат маските за учениците до деветто одделение

Се укинуваат маските за учениците до деветто одделение

Комисијата за заразни болести ќе препорача на Владата да се укине задолжителната обврска децата до деветто одделение во училиштата да носат маски за заштита од коронавирусот.

Освен делумното укинување на маските, Комисијата денес изгласала и одлука да не се бараат сертификати во отворените делови од угостителските објекти и од 50 на 70 отсто да се зголеми исполнетоста на театрите и културните институции.

„Обврската за наставниците и административно-техничкиот персонал во основните училишта за носење маски останува задолжителна. Ако некој сака да носи маска на училиште за да ги заштити дома возрасните членови на семејството не е забрането, но обврската ја укинуваме“, рече претседателот на Комисијата Александар Петличковски.

Комисијата ја донела одлуката со мнозинство. Петличковски објасни дека имало дискусија и различни мислења, но ставот е заеднички. Препораките ќе ги испратат до Главниот кризен штаб од каде треба да стигнат на дневен ред на седница на Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП