20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИНајдобра диета за намалување на салото од стомакот

Најдобра диета за намалување на салото од стомакот

Факт е дека не е можно да се изгуби вишокот на сало од стомакот без намалување на вкупните телесни масти.

Обемните истражувања покажаа дека она што е најдобро за брзо намалување на салото од стомакот е комбинација на урамнотежена исхрана и специфични вежби.

Пример Мени:

Појадок: шолја мусли прелиени со млеко

Ужина: суви бадеми, ореви, лешници до 50 гр.

Ручек: За ручек можете да изедете месо колку што сакате и тоа риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само стек без маст. Месни преработки избегнувајте.

Дозволено е да се земе интегрален или ржен леб. Месото можете да го подготвите на кој било начин, но одбегнувајте секојдневно пржење на храната.

Ужина: една јаболка, крушка, праска, грст јагоди, малини, а банани одбегнувајте.

Вечера: бистра супа од зеленчук без тестенина, сардина или туна со исцедено масло, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или супа од зеленчук без тестенини, две тврдо варени јајца, домати.

Поради вежбањето и монотоната исхрана, пијте витаминско-минерални таблети.

Дополнителни совети

Никогаш не вечерајте барем три часа пред одењето во кревет.

Не јадете слатки и грицки.

Не пијте пиво, газирани пијалоци и зашеќерени овошни сокови.

Не јадете бел леб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП