29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАРегистрирани 92 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Регистрирани 92 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар по 2 и по еден заразен од Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево.

Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирани се 13 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две од Скопје (73 и 80 години) и едно починато лице од Тетово (61). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Гостивар (64) на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.

Kај сите починати се регистрирани коморбидитети.

Во последното деноноќие регистрирани сe 363 оздравени пациенти од: Скопје – 200, Кавадарци – 28, Велес – 25, Куманово – 17, Битола – 14, Прилеп – 13, Тетово – 9, Кичево – 8, Штип и Гевгелија по 7, Радовиш и Ресен по 6, Неготино – 4, Струмица и Гостивар по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово по 2, Валандово, Демир Капија и Дојран по 1.

Направените 1.176 тестови се преку: ИЈЗ-62, ЦЈЗ Куманово-2, Институт за микробиологија–84, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-71, Биотек-34, Систина-33, Никоб Лаб-136, ВФВ Медикал-35, Ели Медика Плус-17, Рапид Лаб–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 648.

Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 140914, Активни 952
Куманово 16394, Активни 76
Битола 14459, Активни 122
Прилеп 13781, Активни 140
Тетово 13379, Активни 48
Кавадарци 10272, Активни 64
Велес 9592, Активни 76
Гостивар 9487, Активни 28
Охрид 8588, Активни 56
Струмица 7943, Активни 25
Штип 7935, Активни 15
Кичево 5490, Активни 38
Кочани 5002, Активни 21
Струга 4665, Активни 11
Гевгелија 4301, Активни 16
Неготино 3631, Активни 11
Ресен 2636, Активни 25
Свети Николе 2607, Активни 2
Радовиш 2491, Активни 8
Крива Паланка 2393, Активни 13
Делчево 1902, Активни 2
Дебар 1658, Активни 11
Берово 1631, Активни 3
Валандово 1462, Активни 3
Виница 1363, Активни 15
Пробиштип 1258, Активни 2
Богданци 1009, Активни 6
Кратово 948, Активни 9
Крушево 912, Активни 5
Демир Хисар 823, Активни 7
Македонски Брод 732, Активни 2
Демир Капија 582, Активни 2
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 340, Активни 0

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП