Летањето од едно место до друго може да биде заморно и стресно, но приватните авиони се способни да го променат тоа искуство во едно кое ќе ве воодушеви. Брзиот интернет, луксузниот мебел и естетските убави дизајни се дел од внатрешноста на приватните авиони.
Во овие авиони дури и пилотите седат на луксузни столици. Декорациите во авионите се пример за луксузот во кој живеат некои луѓе. Според правилата на Федералната Авијациска Администрација, има одредени ограничувања во однос на материјалите кои може да се користат.
Меган Велш, дизајнер во Елиот Авиејшн, вели дека многу клинти сакаат внатрешност која е долготрајна и која има вредност за понатамошно препродавање. Сепак, дури и со овие „услови“, опциите за дизајнирање се безбројни.
Удобноста и стилот се клучните карактеристики на луксузните авиони, но потребна е и функционалност. Wi-Fi, работните маси и конференциските соби се основна работа за бизнисмените кои се грижат за работата и за време на патувањата.