29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Шпанија рекордни 26 отсто

Стапката на невработеност во Шпанија рекордни 26 отсто

nevrabotenostspanija

Стапката на невработеност во Шпанија во четвртиот квартал во 2012 година била на рекордни 26 отсто, што значи дека во таа држава без работа се речиси шест милиони луѓе, соопшти Заводот за статистика во Мадрид.

Невработеноста е зголемена во однос на 25 отсто во третото тримесечје поради се поголемата рецесија.

Лани без работа останале 697.700 луѓе, а 1,8 милиони домаќинства немаат ниту еден вработен.

Конзервативната Влада покрена реформи на финансиските пазари и пазарот на трудот и спроведе мерки за строго штедење вклучувајќи намалување на платите и раст на даноците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП