Пролетта не потсетува дека нашето тело во наредните неколку месеци ќе биде се помалку облечено, па затоа е потребно тоа да биде во добра форма. Со новата пролетна диета ќе ги намалите несаканите килограми, нема да си го оштетите имунитетот, а ќе заборавите и на пролетниот замор.
Новата пролетна диета се држи од една до најмногу три недели. Се препорачува наутро веднаш по станувањето да се пие по една голема чаша ладна вода, а навечер пред легнување, една чаша млеко.
МЕНИ:
Понеделник
Појадок: 1 салата од сезонско овошје со нискомаслен јогурт, овес и мед
Ужина: 1 интегрално парче леб на тост намачкано со урда
Ручек: 1 салата од сезонски зеленчук
Ужина: 1 чаша нискомаслен јогурт, 1 јаболко
Вечера: 1 варено јајце, 100 гр урда, 1 чаша зелен чај

Вторник
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрално парче леб на тост намачкано со урда
Ужина: 1 чаша нискомаслен јогурт со лажичка мед
Ручек: 1 салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г печено телешко месо, 200 гр варен зеленчук
Среда
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 двопек
Ужина: 1 варено јајце
Ручек: 1 чаша крем супа од печурки ( при поготовката додадете и свежи печурки)
Ужина: 1 салата од сезонско овошје со нискомаслен јогурт, овес и мед
Вечера: 1 салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал
Четврток
Појадок: 1 салата од сезонско овошје со нискомаслен јогурт, овес и мед
Ужина: 1 чаша нискомаслен јогурт
Ручек: 1 салата од сезонски зеленчук, 1 варено јајце
Ужина: 1 шолја зелен чај
Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболко
Петок
Појадок: 1 шолја билен чај, 1 интегрално парче леб на тост намачкано со урда
Ужина: 2 варени компири
Ручек: 1 салата од сезонски зеленчук
Ужина: 30 г јаткасти плодови по избор
Вечера: 100 г варен ориз, 200 гр печено пилешко месо

Сабота
Појадок: 50 г кашкавал, 1 рендан морков
Ужина: 1 шолја зелен чај
Ручек: 1 салата од сезонско овошје со нискомаслен јогурт, овес и мед
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 200 г варен зеленчук
Недела
Појадок: 1 шолја билен чај, 1 интегрално парче леб на тост намачкано со урда
Ужина: 2 варени компири
Ручек: 300 г печено телешко месо, 1 варено јајце
Ужина: 1 чаша сок од портокал
Вечера: 1 салата од сезонско овошје со нискомаслен јогурт, овес и мед