28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHypo Alpe Adria: 860 милиони евра загуба во првата половина од 2013

Hypo Alpe Adria: 860 милиони евра загуба во првата половина од 2013

hypo1

Австриската банка „Hypo Alpe Adria“ денес објави дека во првите шест месеци од 2013 година работела со нето загуба од 859,8 милиони евра, поради што ќе им биде потребна нова инекција од државниот буџет.

Национализираната банка во јули предупреди дека поради очекуваната загуба во првата половина од годината, ќе и биде потребен додатен капитал за да ги исполни пропишаните минимални капитални барања. Поради тоа, на крајот на минатиот месец, донесена е одлука за докапитализација во висина од 700 милиони евра.

„На состанокот на акционерите одржан на 23 јули, донесена е одлука за докапитализација во износ од 700 милиони евра, а ќе биде спроведена во дело штом Европската комисија донесе позитивна одлука во врска со постапката за државна помош, што би требало да се случи оваа есен“, се наведува во соопштението на банката.

Актуелната шестмесечна загуба во банката ја препишуваат на „очекуваните задачи и обврски“ кои ќе им ги одреди Европската комисија како дел од постапката за државна помош. Во првите шест месеци минатата година банката работела со нето добивка од 3,4 милиони евра.

Брисел бара од „Hypo“ до крајот на годината да ги продаде филијалите во југоисточна Европа. Во „Hypo“ сакаат тој рок да се помести до средината на 2015 година, поради актуелните неповолни услови на пазарите.

Во првите шест месеци од оваа година банката ги зголеми резервациите за ненаплатливи кредити на 623 милиони евра, од 123,1 милиони евра колку што изнесуваа во истиот период минатата година. Повеќе од 20 проценти од тој износ е издвоен за мрежата на филијали во југоисточна Европа, во склоп на подготовката за нејзина продажба, истакнуваат од „Hypo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП