Владата на Руската Федерација денеска го одобри списокот на странски земји и територии кои, како што се наведува, претставуваат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. На списокот се наоѓа и Македонија, а други земји од регионот се Црна Гора и Албанија.
Меѓу другите, се и САД, Канада, земјите-членки на ЕУ, Обединетото Кралство, Украина и Швајцарија.

