28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа се подготвува за високи цени на гасот во 2023-та

Европа се подготвува за високи цени на гасот во 2023-та

Фјучерсите на рускиот природен гас за следната зима достигнаа рекордни цени, што значи неизвесност на пазарот за испораки во следната година, наведува „Reuters“. На берзата „TTF“ во Холандија, испораките чинат 150 евра за мегават-час, наспроти 72 евра пред почетокот на воениот конфликт во Украина.

Во моментов, испораките на гас во април се по цена од 160 евра за мегават-час. Според аналитичарите, оваа висока цена има за цел да ја обесхрабри побарувачката за да се задржат количините во резерва.

Недостигот од гас во текот на минатата грејна сезона во Европа беше полесно надминат поради повисоките температури од вообичаените, а од друга страна, скапиот гас го направи прифатливо производството од електраните на јаглен.

Затоа во фокусот е следната зимска сезона која во Европа започнува во октомври и трае до април.

И оваа зима започна со помали резерви од вообичаените во складиштата за гас и затоа и покрај благото време, нивоата во складиштата во моментов се многу ниски – околу 259 терават часови. Но, ситуацијата е дефинитивно пооптимистичка од прогнозите направени околу Божиќ – тогаш очекувањата беа дека до пролет ќе останат нешто повеќе од 200 терават часови во складиштата за гас во Европа.

Во последните пет години европските земји ја завршија зимата со околу 315 терават часови природен гас во складиштата за гас, а просечното ниво за последната деценија е 348 терават часови.

Ниските нивоа во складиштата за гас значат дека Европа ќе мора да пумпа повеќе од вообичаено во текот на летото. Во исто време, сепак, постои голема несигурност за испораката на гас преку гасоводот од Русија. Европските потрошувачи ќе мора да се натпреваруваат и со Јужна и Источна Азија за танкери за течен гас, кои би можеле да бидат алтернатива на рускиот природен гас.

Сепак, снабдувањето со течен природен гас не е доволна за полнење на складиштата за гас доколку целосно се прекине снабдувањето со руски гас. На крајот, Русија би можела да пренасочи дел од својот гас во Азија, ослободувајќи дел од течен природен гас. Проблемот е што тековите не можат толку брзо да се пренасочат поради недостаток на инфраструктура. Производството на гас во Русија исто така може да биде ограничено. Поради војната во Украина, цената на гасот за Европа и Азија ќе биде висока во пролет и лето. Нестабилноста веќе се пренесува на испораките за следната година, при што се очекува гасот да остане скап, иако условите на пазарот на гас се подобруваат пред грејната сезона 2022/2023 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП