10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАВремето денеска променливо облачно со снег на повисоките места

Времето денеска променливо облачно со снег на повисоките места

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места со врнежи само од снег.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до минус 1, а максималната ќе достигне 9 степени.

Од денеска следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП