24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФерстапен ќе добие 48.000.000 евра по сезона

Ферстапен ќе добие 48.000.000 евра по сезона

Макс Ферстапен наскоро би можел да стане возачот со најголема плата во Формула 1. Ред Бул, наводно, имале намера да го задржат Холанѓанецот во тимот до крајот на неговата кариера. Поради тоа му понудиле дупло поголем договор.

Ферстапен, ги договорил сите услови околу продолжувањето на договорот, во седиштето на Ред Бул, во Милтон Кејнс. Медиумите шпекулираат дека годишно ќе заработува 48.000.000 евра.

Ова е спротивно на претходните најави, дека ќе добие покачување од 4.780.000 евра, односно дека годишно ќе заработува 26.300.000 евра.

„Се е договорено. Макс ќе остане со нас на неодредено време, а парите кои ги заработува ќе бидат дуплирани“, пренесувата медиумите повикувајќи се на извори од Ред Бул.

Новата сезона, во која Ферстапен ќе ја брани титулата, ќе започне на 20.март во Бахреин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП