23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC ќе прави свој оперативен систем

HTC ќе прави свој оперативен систем

htccc

Тајванската компанија „HTC“ започна со развој на сопствен мобилен оперативен систем. Тој ќе биде насочен  за кинеските корисници, објави „The Wall Street Journal“, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

Кина е главната надеж на „HTC“ за зголемување на продажбата, која не ги исполнува очекувањата во последните месеци. Затоа компанијата работи во блиска соработка со кинеската влада во создавањето на платформата.

Целта на „HTC“ е да го усогласи својот оперативен систем со сите специфики на локалниот пазар. Платформата ќе има интегрирани услуги на многу кинески апликации, вклучувајќи алтернативи на популарни сајтови како „Twitter“ на пример, кој е блокиран во Кина, но за сметка на тоа е заменет од локалната компанија „Weibo“.

Веќе повеќе години од „HTC“ имаа планови да создадат свој мобилен оперативен систем, но тие тоа никогаш не го остварија. Сега идејата на компанијата е да се искористи повикот на кинеската влада да се стимулира развојот на локалниот екосистем од софтверски услуги, за да се намали зависноста на земјата од западните компании.

Тајванската компанија веќе спроведува тестови на платформата со своите смартфони. Некои прототипи дури се испратени на претставници на кинеските власти за дополнителни тестови, тврди весникот.

Намерите на „HTC“ се првите уреди со оперативниот систем да се појават на локалниот пазар до крајот на оваа година. Тие ќе се продаваат под брендот на „HTC“ и во моментов не се планираат да се нудат во други држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП