28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„TikTok“ сега дозволува видео клипови долги до 10 минути

„TikTok“ сега дозволува видео клипови долги до 10 минути

Социјалната мрежа „TikTok“ повторно ја зголемува максималната должина на видеата што може да се прикачат на платформата, овој пат од три на 10 минути.

„Возбудени сме што можеме да прикачуваме видеа до 10 минути, што треба да обезбеди уште покреативни можности за нашите создавачи на содржини ширум светот – изјави претставник на „TikTok“ за „Engadget“.

Популарната услуга тестираше подолг временски рок во последните месеци. Во јули минатата година, „TikTok“ ја зголеми максималната должина на видеото од 60 секунди на три минути.

Зголеменото временско ограничување, кога станува збор за должината на видеото, може да го направи „TikTok“ поголем ривал на „YouTube“. Од друга страна, „YouTube“ има своја конкурентна функција, наречена „Shorts“.

Потегот на „TikTok“ може да биде корисен за креаторите кои се фокусираат на упатства и други видови содржини кои работат подобро во подолги видео форми. Ова исто така ќе им помогне на корисниците да поделат подолги содржини на помали видеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП