Македонија нема да испраќа војници во Украина, посочи министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Таа не можеше да открие каква воена опрема се испраќа до воените жаришта во Украина, ниту да каже што стои во класифицираното барање испратено до повеќе земји, меѓу кои е Македонија.
„Одлука за испраќање во Украина нема и нема да има. Ние сме членка на НАТО-алијансата, сите одлуки ќе ги почитуваме. Досега се придружвиме на санкциите кои беа изречени од ЕУ. Доделивме воена опрема и вооружувања, согласно барањето на украинските власти. Нивното барање беше класифицирано, така што и нашата одлука е класифицирана. Дадовме информација, бидејќи сакавме да бидеме транспарентни. Помошта е согласно барањата. Со донацијата не се намалува вооружувањето и капацитетот на нашата Армија“, посочи Петровска.

