19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Alibaba“ го забележа најслабиот раст на приходите откако стана јавна компанија

„Alibaba“ го забележа најслабиот раст на приходите откако стана јавна компанија

Кинескиот технолошки гигант „Alibaba Group Holding“ објави најслаб раст на приходите откако стана јавна компанија. Ова нагласува како притисокот на Кина врз локалниот технолошки сектор му задава финансиски удар на гигантот за е-трговија, пишува „Bloomberg“.

Приходите од продажба се зголемија за 9,7 отсто во трите месеци заклучно со декември, што е значително под растот од 40 отсто што беше вообичаен за компанијата пред владата да почне да врши притисок. Резултатот се постигнува и во време кога трошењето на потрошувачите забавува, а конкуренцијата се интензивира. Нето добивката потона за 74% на 20,4 милијарди јуани (3,2 милијарди долари) откако компанијата претрпе голем удар од загубите на своето глобално инвестициско портфолио.

„Alibaba“, некогаш највисоко рангираната кинеска компанија, се бори откако Пекинг презеде акција против приватниот сектор во земјата пред повеќе од една година. Кинеската влада ја принуди подружницата на „Alibaba“, „Ant Group“ да ја откаже својата првична јавна понуда во 2020-та година, која се очекуваше да биде најголема во светот. Потоа тој побара серија реформи кои се одразија на бизнис моделот на „Alibaba“.

Цената на акцијата на „Alibaba“ порасна за помалку од 1% пред почетокот на трговскиот ден. Годишните активни корисници се зголемија за 43 милиони на 1,28 милијарди (повеќе од очекувањата на аналитичарите), додека приходите од облак услугите скокнаа за 20 проценти.

Некои аналитичари предвидуваат дека кинескиот технолошки гигант повторно ќе ја намали прогнозата за годишните приходи, со оглед на намалената потрошувачка и несигурното регулаторно опкружување. Во ноември, компанијата предупреди дека нејзиниот раст на приходите за фискалната 2022-ра година ќе биде помеѓу 20 и 23%, во споредба со 27% колку што очекуваа аналитичарите. Вредноста на компанијата падна од врвот од речиси 860 милијарди долари на 291 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП