25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоман Абрамович си замина од Челзи!

Роман Абрамович си замина од Челзи!

Сопственикот на Челзи и руски милијардер Роман Абрамович објави дека се повлекол од клубот и дека сега за овој прволигаш од Лондон ќе се грижат повереници на добротворната фондација Челзи.

„За време на моите речиси 20 години водење на Челзи, отсекогаш чувствував дека мојата улога е да бидам чувар на клубот, дека мојата работа е да овозможам да бидеме успешни колку што можеме, како и да ги поставам темелите за иднина и да има позитивна улога во заедницата. „Секогаш сум носел одлуки кои се во интерес на клубот. Останувам посветен на овие вредности. Затоа денес го оставам управувањето и грижата за клубот на поверениците на добротворната фондација на Челзи. Верувам дека тие во моментов се во најдобра позиција да се грижат за клубот, играчите, персоналот и навивачите“, се наведува во изјавата на Абрамовиќ објавена на веб-страницата на клубот.

Според АП, овој потег на Абрамович следел откако член на британскиот парламент го повикал рускиот милијардер да го предаде клубот по рускиот напад на Украина.

Абрамович, кој е сопственик на Челзи од 2003 година, во својата изјава не ја спомна војната во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП